Хрватска: Се либерализира пазарот на труд и увозот на работна сила од трети земји

Архива

На хрвaтскиот пазар на труд од следната година би требало да има две значајни промени – намалување на стапката на данок на доход и либерализација на увозот на работна сила од трети држави, односно земји што не се членки на Европската Унија (ЕУ).

Тие промени требаше да стапат во сила оваа година, но беше покрената процедура за измени во Законот на странци, а новиот предлог-закон вчера беше испратен на усвојување во Саборот.

Сега се предлага од следната година да нема квоти за увоз на работници, туку работодавачите пред да ангажираат странски работници ќе треба да побараат од Хрваскиот завод за вработување (ХЗЗ) да спроведе истражување на пазарот на трудот. Ако се покаже дека нема невработени лица во Хрватска кои ги исполнуваат барањата на работодавачите, фирмата ќе треба да поднесе барање за издавање на дозволи за престој и работа од Минстерството за внатрешни работи кое по службена должност ќе бара мислење од ХЗЗ.

Хрватска во изминатите години, посебно во туризмот и во градежништвото, вработува голем број на работници од странство. Синдикатите предупредуваат дека со целосната либерализација ќе се предизвика дополнителен притисок врз намалување на цената на трудот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот