ВАР/FIFA

Хрватите сакаат да се разликуваат – само тие измислија нов збор за ВАР-технологијата

Во обид за поголема јазична автентичност, хрватскиот јазик доби нов термин кој ќе го замени веќе широко прифатениот израз ВАР во фудбалот.

Според информациите што ги пренесуваат медиумите, на собранието на управниот одбор била донесена одлука наместо ВАР да се користи зборот „пресудник“, како домашна алтернатива за технологијата што се користи при носење судиски одлуки.

Иако ВАР во изминатите години стана глобално препознатлив термин за системот со камери и видеопроверка на спорни ситуации, во Хрватска решија да направат јазично отстапување и да воведат сопствен израз.

Предлогот „пресудник“ не бил избран случајно, тој бил ставен на гласање меѓу читателите на списанието „Јазик“, каде во конкуренција од дури 412 предлози, токму овој збор добил најголема поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот