Хрват исчезнал на бојното поле во Украина, ѝ кажал на мајка му дека оди да работи во Германија

Исчезнат Хрват во Украина / Фото Слободен печат колаж / ЕПА / Фејсбук

24-годишниот Хрват Томислав Ткалац исчезнал пред околу две недели на територијата на Украина каде, како што се претпоставува, бил припадник на украинската армија. Нема официјални информации дека тој загинал, како што беше објавено на Фејсбук. Тој официјално се води како исчезнато лице на територијата на Украина, пренесува хрватски Јутарњи лист.

Од Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска за хрватскиот медиум потврдија дека имаат официјална информација за неговото исчезнување на територијата на Украина. Тие додаваат дека добиле неофицијална потврда дека неговото име е на списокот на исчезнати лица во Украина.

Јутарњи лист неофицијално дознава дека Томислав Ткалац криел од своите најблиски роднини, мајка му и неколку блиски пријатели, дека оди во војна во Украина и на сите им кажал дека работи во Германија за да не го спречат од неговиот план. Ова го потврдија и неколку негови пријатели, кои изјавија дека ниту неговата мајка не ја знаела вистинската вистина додека полицијата не ѝ тропнала на вратата.

На Фејсбук страницата „Меморијал – меѓународни волонтери за Украина“, посветена на странците кои загинаа во одбраната на Украина, се појави фотографијата на Томислав и следнава реченица: „Ве молам, помогнете ни да го почестиме за да не биде заборавен. Нашиот сакан хрватски брат Томислав Ткалац, кој служеше како волонтер во Украина, загина на бојното поле. Чест, слава и благодарност на нашиот брат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот