Храната како афродизијак: Ако не сакате да готвите голи, користете природни афродизијаци

Авокадо
Авокадото содржи големи количини витамин Е, кој му помага на телото во производство на хормоните тестостерон, прогестерон и естроген.

Школки
Освен што го зголемуваат нивото на цинк во вашиот организам, истражувањата покажале дека школките содржат аминокиселини кои го активираат излачувањето на половите хормони.

Чоколадо
Темното чоколадо помага во зголемување на допаминот, клучен невротрансмитер во нашиот мозок, кој е заслужен за перцепирање на задоволството.

Чили пиперчиња
Чили пиперчињата го стимулираат излачувањето на ендорфинот поради кој ќе бидете многу добро расположени, а исто така го зголемуваат и пулсот, што може да предизвика чувство на возбудување.

Банани
Бананите можат да го зголемат излачувањето на тестостеронот, а богати се со калиум и со витамин Е, кои ќе го подигнат нивото на енергијата и издржливоста.

Кафе
Кофеинот ги забрзува отчукувањата на срцето и циркулацијата, што може да донесе до зголемена возбуда.

Лубеница
Розевата боја на ова овошје е резултат на високото ниво на ликопен, за кој се претпоставува дека ги опушта крвните садови и ја подобрува циркулацијата.

Шлаг
Кога станува збор за шлагот, не постојат научни причини, но сепак тој се вбројува во оваа листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот