Хоти: Не знам дали ќе бидам кандидат за премиер

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска изјави дека сè уште не знае дали ќе биде кандидат за премиер на претстојните предвремени избори во земјата и оти Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) има неколку кандидати од кои секој е подобар од другиот.

„Не можам да кажам, ние сè уште разговараме во рамките на ЛДК. Добрата работа е што во рамките на ЛДК не постои само едно име, туку има неколку имиња кои секое е подобро од другото што може да ја предводи оваа трка“, рече Хоти.

Актуелниот премиер понатаму изрази оптимизам дека неговата партија ќе излезе како победник на овие избори, велејќи дека тие се фаворити благодарение на работата што ја направи владата Хоти.

„Утре или задутре ќе имам презентација за да ја покажам работата на оваа влада. Верувам дека граѓаните ќе ја ценат оваа работа што ја завршивме и убеден сум дека сме фаворити за победа на овие избори. “, рече Хоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот