Хорват: Мило ми е што доаѓам во Скопје и средина која е препознатлива во Европа

EPA/GEORGI LICOVSKI

Хрватскиот репрезентативец по 18 години поминати во Загреб, одлучи да го напушти тимот и од наредната сезона ќе настапува во поранешниот македонски шампион, Металург.

Хорват за тамошните медиуми изјави дека е среќен што доаѓа во Скопје и во тим кој е добро познат во Европа.

– Не беше лесно да се напушти Загреб по толку години, тука доживеав многу убави спомени и клубот засекогаш ќе остане во моето срце. Меѓутоа, почувстував дека дојде моментот за промена и мило ми е што доаѓам во Скопје и во ракометна средина која е препознатлива во Европа.

Доаѓам со цел заедно со новите соиграчи да го вратиме Металург таму каде што му е местото. Верувам дека нашите навивачи ќе уживаат во добрите игри, гледам дека повторно се создава квалитетен тим каков што беше Металург во минатото и тоа ме радува. Се радувам што ќе работам со тренер како Зоран Кастратовиќ за кого слушнав само многу убави зборови од играчите кои работеле со него. Првите впечатоци се одлични и верувам дека донесов вистинска одлука – изјави Хорват.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот