Градскиот мешан хор „Балтепе“ / Фото: ГМХ „Балтепе“

Хорот „Балтепе“ вечерва ќе одржи бесплатен концерт во Гостивар

Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово, под водство на најистакнатата македонска хорска диригентка, Јасмина Ѓорѓеска-Каро, вечерва (недела, 19 април), ќе одржи целовечерен концерт во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.

Концертот е дел од серијалот пролетни настапи на хорот насловени „Блесоглас“, а на програмата се духовни и световни хорски дела од реномирани композитори, меѓу кои Лука Маренцио и Добри Христов, познати композиции од Стефан Гајдов: „Леле Јано“, „Калеш бре Анѓо“, обработки на традиционални композиции од Глигор Кондовски, како и делото „Голем староградски валцер“ од Федор Вртачник, во придружба на пијано и хармоника.

На концертот ќе настапат и гости, кои дополнително ќе ја збогатат програмата. Настанот почнува во 19 часот, а влезот е бесплатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот