Хорор на лет на „Бритиш ервејз“: Пијан патник испил 10 чаши алкохол, па повраќал врз другите патници
Патник на „Бритиш ервејз“ буквално збеснал откако авиокомпанијата му испратила ваучер од 50 фунти (58 евра), за да се извини поради непријатностите што ги доживеал на летот.
Препорачано
Брус Мекензи кој седел до патникот кој испил 10 чаши „бакарди“ веднаш по полетувањето на авионот и исповратил по себе и по него, морал да остане на своето седиште натопено со повраќаници во текот на целиот лет што траел 11-часа, бидејќи авионот бил полн.
Незадоволниот патник Брус Мекензи открил детали од своето ужасно патување на фејсбук-страницата „БЕ жалби“ (BA Complaints). Тој ја обвинил британската авиокомпанија дека дозволила на патник да испие огромна количина алкохол на летот од Јоханесбург, Јужна Африка, до лондонскиот аеродром „Хитроу“, пишува „Дејли мејл“.
– На неодамнешниот 11-часовен лет од ЈХБ до ЛХР, персоналот на „Бритиш ервејз“ му послужи на патникот покрај мене 10 мини шишиња „бакарди“ во првите неколку часа од летот. „Се опијани толку многу што повраќаше врз себе, седиштата, подот, мене и патникот од другата страна. Летот беше полн и не можевме никаде да се поместиме. Се обидовме да го исчистиме нередот, но целото искуство беше ужасно и неприфатливо, бидејќи персоналот што му даде толку голема количина алкохол беше соучесник во овој ужас – напишал Мекензи.
Налутениот патник потоа сподели фотографии од писмото што го добил од авиокомпанијата, додавајќи: „Одговорот од БЕ подолу. Ваучер од 50 фунти. Буквално сум згрозен од одговорот и услугата.“
Во писмото на „Бритиш ервејз“ (БЕ) се вели: „Многу ни е жал што слушнавме за неприфатливото искуство што го имавте на летот од Јоханесбург, предизвикано од однесувањето на пијаниот патник што седеше до вас. Целосно разбираме колку вознемирувачки и непријатно морало да биде за другиот патник кога се разболел од интоксикација, што резултирало со повраќање по целото седиште, облека и подот во кабината. Ова секако не е стандардот што го сакаме да го има кој било од нашите патници и искрено ни е жал поради влијанието што го имало ова врз вашето патување.
Не ја потценуваме важноста на удобноста, достоинството и безбедната средина во авионот. Иако нашиот кабински персонал ги почитува строгите процедури во врска со послужувањето алкохол и деструктивното однесување, постојат случаи кога ситуациите ескалираат и покрај нивните најдобри напори. Ве уверуваме дека вашите повратни информации се забележани. Ги споделивме со колегите во надлежниот тим и редовно ги користиме ваквите коментари како упатства кога ги преиспитуваме нашите нашите безбедносни процедури.
Како гест на добра волја, би сакале да ви понудиме ваучер од 50 фунти, кој можете да го користите за идна резервација на карта на компанијата ‘Бритиш ервејз’. Ве молиме да нè известете која опција ја сакате и ние со задоволство тоа ќе ја организираме за вас.
Уште еднаш, ве молиме прифатете го нашето извинување за вашето искуство на ова патување“, е наведено во писмото на „Бритиш ервејз“.


