Холивудскиот актерски пар Кевин Бејкон и Кира Сеџвик по 25 години брак дознале дека се роднини

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Бејкон и Сеџвик до откритието дошле случајно кога гостувале во емисијата „Finding Your Roots“, која се занимава со проучување на семејното стебло на познатите…

Актерскиот пар Кевин Бејкон и Кира Сеџвик во брак се 32 години, а нивната љубов не успеало да ја разниша ниту тоа што дознале дека тие двајца се роднини.

Фото: Профимедиа

Имено, по 25 години брак тие дознале дека се далечни роднини и до тоа откритие дошле случајно кога гостувале во емисијата „Finding Your Roots“, која се занимава со проучување на семејното стебло на познатите.

Фото: Профимедиа

Домаќинот на емисијата, Хенри Гејт Луис ги покажал ДНК доказите кои илустрираат дека Кира Сеџвик и седум години постариот Кевин Бејкон се роднини од девето колено.

Тие двајца се венчаа во 1988 година, заедно имаат деца, а важат и за еден од најстабилните холивудски парови.

Фото: Инстаграм

– Таа е љубовта на мојот живот, веднаш го знаев тоа. Но кога влезе во мојот живот, моја кариера беше на дното. Сепак, се случи љубов и започнаа да се раѓаат нашите деца, а понудите за филмови конечно започнаа да се нижат, ја опиша во една прилика Кевин својата сопруга кој ја запознал на снимањето на филмот „Lemon Sky“.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот