Холандската ѕвезда блеска на Мундијалот: Гакпо во друштво на Снајдер, Нескенс и Бергкамп

фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Репрезентативецот на Холандија, Коди Гакпо е првиот играч во историјата на „лалињата“ кој постигнал барем еден гол на првите три натпревари на Светското првенство.

Играчот на ПСВ придонесе во новиот триумф на холандската селекција на Мундијалот во Катар за освојување на првото место во групата „А“.

Гакпо до сега запиша три голови на СП 2022, претходно стрелаше по еднаш и против Сенегал и Еквадор во првите две кола.

Гакпо воедно им се придружи на Јоан Нескенс (1974), Денис Бергкамп (1994) и Весли Снајдер (2010) кои исто така се запишаа во листата на стрелците на три мундијалски мечеви по ред.

– Сите работиме тимски, си помагаме. До сега постигнав три голови, но сето тоа го работиме заедно. Секако дека е убаво чувството, но најважно е што се пласиравме во осминафиналето. Немам некоја посебна желба за во следната фаза, ќе ги гледаме другите мечеви и ќе видиме што ќе се случи – рече Гакпо по натпреварот против Катар.

Видео на денот