Хистерија меѓу фановите: Хари Потер се враќа на големото платно

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Иако мислевме дека сагата за Хари Потер е убав спомен, магазинот Hollywood Reporter“ ја објави веста дека почнале преговорите за снимањето на деветотто продолжение на филмскиот хит .

Ова е одлична вест за сите фанови на волшебникот и неговата дружина, иако сè уште не се знае кои се сценаристите. Активни се преговорите за деталите околу соработката помеѓу HBO Max и Warner Bros.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Potter Film (@harrypotterfilm)


Ваквиот развој на настаните може да се очекува со оглед на тоа што интересот за овој лик од романите, а потоа и од филмовите е сè уште голем. Од друга страна, очекувањата се големи, како од идните автори, така и од писателката ЈК Роулинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harry Potter Film (@harrypotterfilm)


Последното филмско продолжение за Хари Потер, неговите пријатели Рон и Хермиона и борбата со злобниот волшебник Волдеморт пристигна во кината одамна во 2011 година, а големите фанови сè уште ја сакаат оваа франшиза со еднаков жар.

Извршниот директор на Warner Bros. Дејвид Заслав од Discovery предизвика хистерија меѓу обожавателите бидејќи навести дека големата продукциска куќа се подготвува да одобри снимање на деветтиот филм за Хари во секој момент, а филмот ќе го претстави Хари како возрасен волшебник чии деца одат во Хогвортс. Освен Заслав, овие гласини ги потврди и Руперт Гринт, кој го играше Рон, пријателот на Хари, во оригиналните осум делови од филмот.

Повеќе детали поврзани со оваа најава за снимање се очекуваат наскоро да бидат објавени. Дотогаш, да бидеме трпеливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот