Хисени: Курти и Османи се најголемото зло на Косово, тие им служат на српските интереси

Поранешниот министер за надворешни работи и координатор за дијалог со Србија Скендер Хисени вели дека косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти станале „опашки“ на претседателот на Србија Александар Вучиќ и ги загрозуваат темелите на Косово.
Курти, Османи и нивните „силни“ сојузници, како овој Абазовиќ во Црна Гора и група марксисти во Тирана, се најголемото зло на Косово и Албанците денес.
Лудата политика што ја води овој блок ги загрозува самите темели на косовската држава Курти и Османи им служат на српските интереси преку нивните политички активности, политички агенди“, напиша Хисени на Фејсбук.
Тој додаде дека денот кога Османи бил избран за претседател бил најнесреќен за Косово.
Премиерот Курти и неговиот „нотар“ Вјоса Османи, пишува тој, со својата „авантуристичка, тврдоглава, егоцентрична, дилетантска, аматерска и многу опасна политика“ успеваат да ја доведат земјата во конфронтирачки односи со незаменливите партнери на Косово.