Херман Хесе и неговата сопруга Марија Бернули/Hedda Eid / akg-images / Profimedia

Љубовта не постои за да нè направи среќни, туку за да ни покаже колку можеме да издржиме – цитати од Херман Хесе

Херман Хесе (1877-1962) е германски писател, поет и сликар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година. Најпознат по своите ремек-дела „Сидарта“, „Степскиот волк“, „Демијан“ и „Играта со стаклени мониста“, по индивидуалната потрага по автентичност, себеспознавање и спиритуалност, тој остава бесценета трага во светската литература.
Во продолжение прочитајте неколку цитати од овој познат писател.

„Како што стареев, сè помалку ме исполнуваа малите задоволства што ми ги нудеше животот и сè повеќе ми стануваше појасно каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смислата.“

„Научив дека да бидеш сакан не значи ништо, а дека да сакаш е сè, дека е способност да го чувствуваме она што дава вредност и убавина на нашето постоење. Без оглед каде на Земјата би се појавило она што може да се нарече среќа, би било сплетено од емоции.“

„Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, но сепак се несреќни.

„Убавината не е ништо. Сум видел убави мажи и убави жени кои се несреќни и покрај нивната убавина.

Ни здравјето не е сè, секој е здрав ако така и се чувствува, има многу болни луѓе полни со желба за живот, кои ја негувале до самиот крај, и има здрави луѓе, кои овенале измачувани од стравот од страдање.

Но, среќата секогаш била таму каде што некој знаел да сака и живеел за своите чувства; ако ги негувал, ако не ги газел и потиснувал, тие секогаш му носеле задоволство.

Убавината не му дава радост на тој што ја поседува, туку на оној кој знае да ја сака и да и се восхитува.

„Ако мразиш некоја личност, мразиш нешто во неа што е и дел од тебе. Она што не е дел од нас не ни пречи.“

„Мораш да го откриеш својот сон… но ниеден сон не трае вечно, после секој сон доаѓа друг и затоа не треба премногу да се држиш само до еден.“

„Нема друга реалност освен онаа која е содржана во нас. Затоа толку многу луѓе живеат нереален живот. Тие гo прифаќаат она што го гледаат надвор од нив како реалност и никогаш не му дозволуваат на светот во нив да излезе на површина.“

„Вишата сила е во тебе, а не во идеите и книгите. Вистината се живее, не се учи.“

„Мудроста не се пренесува. Кога мудар човек се обидува да ја пренесе својата мудрост, тоа секогаш звучи глупаво. Знаењето се пренесува, но не и мудроста. Таа се пронаоѓа, се живее, се прават чуда со неа, но не се пренесува и не се учи.“

„Љубовта не постои за да нè направи среќни, туку за да ни покаже колку можеме да издржиме.“

„Научи го тоа што сериозно вреди и насмеј се на останатото.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот