Љубовта не постои за да нè направи среќни, туку за да ни покаже колку можеме да издржиме – цитати од Херман Хесе
Херман Хесе (1877-1962) е германски писател, поет и сликар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година. Најпознат по своите ремек-дела „Сидарта“, „Степскиот волк“, „Демијан“ и „Играта со стаклени мониста“, по индивидуалната потрага по автентичност, себеспознавање и спиритуалност, тој остава бесценета трага во светската литература. Во продолжение прочитајте неколку цитати од овој познат писател. …

