Хенкок: Не размислуваме за задолжително носење маски на работа

Фото: EPA

Хенкок истакна дека податоците со кои Велика Бртитанија располага во моментов покажуваат дека бројот на заразени лица на работното место е релативно мал.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска изјави дека земјата веројатно нема да ја следи Франција во одлуката да воведе задолжително носење заштитни маски на работното место, бидејќи достапните податоци покажуваат дека повеќето луѓе се заразуваат кога едно семејство посетува друго во нивните домови.

-Тоа во моментов не го разгледуваме – рече Хенкок за Би-Би-Си, на прашањето дали Велика Британија ќе воведе задолжително носење заштитни маски на работното место, како што тоа го направи Франција.

Како причина за тоа тој кажа дека доказите на Националната здравствена служба за тестирање и следење на заразените болести покажуваат дека луѓето најчесто заболуваат од коронавирусот „кога едно семејство се среќава со друго семејство, најчесто во нивните домови”, пренесуваат британските медиуми.

Хенкок истакна дека податоците со кои Велика Бртитанија располага во моментов покажуваат дека бројот на заразени лица на работното место е релативно мал.

Како што беше претходно објавено, француската Влада планира да пропише задолжително носењето заштитни маски за повеќето работни места, со цел да се запре понатамошното ширење на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот