Хенкок: Британските болници се подготвени за вакцинацијата

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави денеска дека програмата за вакцинација против коронавирусот во таа земја ќе почне следната недела и британските болници се подготвени да ја спроведат.

Набрзо откако Велика Британија стана прва држава во светот која ја одобри вакцината на Фајзер и БионТек, тој истакна дека тоа е одлична вест.

Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

Хенкок нагласи дека се очекуваат милиони дози од оваа вакцина до крајот на годинава.

Гостувајќи на Би Би Си, британскиот министер најави дека тој во живо пред камери ќе се вакцинира.

Според него, вакцината претставува „светло на хоризонтот” и додаде дека при вакцинацијата ќе има приоритетни групи, врз основа на клиничките потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот