Хегсет со предупредување до Иран: Мора да направи мудар избор, Трамп не се шегува
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вечерва изјави дека ултиматумот поставен од претседателот Доналд Трамп истекува утре и дека му советува на Иран да направи мудар избор бидејќи американскиот претседател не се шегува, објавија американските медиуми.
Препорачано
„Иран ќе мора да направи мудар избор утре, бидејќи Доналд Трамп не се шегува“, рече Хегсет на прес-конференција каде што Трамп прв зборуваше.
„САД ќе извршат најмногу напади утре, повеќе од првиот ден од нападите“, додаде Хегсет, наведувајќи дека тоа ќе се случи ако Иран не го прифати ултиматумот.
Пред Хегсет, Трамп ги повтори заканите и додаде дека „целиот Иран може да биде уништен преку ноќ“, и дека „ноќта може да биде вторник навечер“.
„Вторник, 20 часот по време во Вашингтон“, напиша Трамп на својата платформа „Трут сошл“ во неделата.
„Без договор, ќе видите како мостовите и електраните се уриваат низ целата земја“, изјави Трамп за „Фокс њуз“ вчера, повторувајќи ја својата закана.
Трамп го одложи ултиматумот до Иран „за вторник во 20 часот по вашингтонско време“
Хегсет: Промената на режимот во Иран е веќе постигната, наредните денови се клучни


