Хегсет: Промената на режимот во Иран е веќе постигната, наредните денови се клучни
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во свое излагање на прес-конференција во Пентагон изјави дека разговарал со американските војници за време на неговата неодамнешна посета на Блискиот Исток, нагласувајќи дека моралот меѓу војниците е висок и дека постои силна желба мисијата да се заврши.
Препорачано
Како што појасни Хегсет американската огнена моќ се зголемува, додека иранската моќ слабее, а мотивацијата на иранската војска во исто време се намалува, што според него води до дезертерства и фрустрација кај воените лидери во Иран, пренесува „Волстрит журнал“.
-Иранскиот режим е сменет, останува да видиме што ќе донесат наредните денови од војната против Иран. Тие ќе бидат одлучувачки, а Иран го знае ова и не може да направи речиси ништо воено ново – истакна Хегсет.
Началникот на Генералштабот на американската армија, Ден Кејн, исто така посочи дека САД спроведуваат прецизни напади врз производствените јазли на ракети и оружје длабоко во Иран, наведувајќи дека околу 11.000 цели биле погодени во последните 30 дена.
Како што наведе генералот Кејн, повеќе од 150 ирански бродови се „неутрализирани“ а САД продолжуваат да ја потврдуваат доминацијата над иранската морнарица.


