Хаверц го напушти кампот на германската репрезентација поради Челси

фото: твитер

Одличниот германски фудбалер патува во Лондон каде што треба да го комплетира трансферот во редовите на Челси.

Каи Хаверц кој не настапи вчера во ремито на неговата репрезентација против Шпанија (1:1) во рамките од Лигата на нации, досега ги бранеше боите на Баер Леверкузен.

Хаверц го напушти кампот на најдобрата германска селекција и во наредните 48 часа се очекува и официјално да биде нов играч на Челси.

Прво ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи, па ќе следува потписот, а се очекува Леверкузен да добие 100 милиони евра од трансферот.

Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо договорот се очекува да биде до јуни 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот