Хари Стајлс лансира колекција парфеми со „секс тематика“

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ pointclickvibes

Брендот „Плизинг“ (Pleasing) на пејачот Хари Стајлс го проширува своето портфолио со најавата за дебитантски парфеми, пишува „Најлон“ (Nylon).

Од своето основање во ноември 2021 година, брендот за убавина на пејачот се фокусираше на лакови за нокти, производи за нега на кожата како балсами за усни, серуми, хидратантни креми и друго, заедно со парчиња облека и модни додатоци.

Најновиот потфат го означува преминот на брендот во една од најпопуларните категории за убавина. На тој начин „Плизинг“ ќе претстави три парфеми наречени „Closeness“, „Rivulets“ и „Bright and Hot“, направени во соработка со производителот на парфеми „Робертет“ (Robertet). 

Веста за колекцијата на парфеми протече минатиот месец, со детали дека парфемите ќе бидат „инспирирани од секс“ (а сега објавените имиња ја потврдуваат таа тема).

Парфемите ќе бидат лансирани во октомври и ќе бидат достапни за купување на веб-страницата на брендот, а во моментов се во тек и плановите за физичка малопродажба.

„Како бренд длабоко вкоренет во истражување на бојата, емоционалното раскажување приказни и сензорни искуства… за нас е стратешки потег да се прошириме во оваа категорија“, изјавил Шаун Керни, извршен директор на „Плизинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот