Хари Кејн е одлучен да го напушти Тотенхем, ја одби последната понуда за продолжување на договорот
Одличниот напаѓач според британските медиуми ја одбил последната понуда на Тотенхем за продолжување на договорот. Со овој потег, капитенот на екипата јасно порачал дека сака да си замине ова лето.
Меѓутоа, се е во рацете на челниците на Тотенхем бидејќи актуелниот договор му е со важност со 2024 година. Првиот човек на клубот, Даниел Леви не сака по никоја цена да го пушти Кејн да си оди, а посебно не во англиски тим.
Од друга страна, Кејн посакува нов предизвик во кариерата, сака да освојува трофеи, нешто што со Тотенхем не може да го оствари.
Најголем интерес за услугите на Кејн пројавуваат двата тима од Манчестер, Јунајтед и сити.
Самиот фудбалер засега не сака да се изјаснува за својата иднина во Тотенхем бидејќи сите мисли му се насочени кон Европското првенство на кое селекцијата на Англија е еден од главните фаворити за трофејот.
Препорачано
– Имам 27 години, а се чувствувам како да имам 35 години кога ги гледам младите момци како Маунт и Фоден во репрезентацијата. Ние сме одлична репрезентација според имињата, важно е да бидеме психолошки стабилни. Многу научивме од Мундијалот во Русија каде стигнавме до полуфиналето, и сега вертувам дека може да одиме до самиот крај – изјави Кејн.


