Хари и Меган стравуваат за својата безбедност

Принцот Хари и Меган живеат во страв откако се преселија во својот нов дом во Лос Анџелес.

Меган и Хари / Фото: Profimedia

Секој нивни чекор е сниман од дронови што најверојатно се во сопственост на локалните медиуми. Со нив се прават обиди да се направат папарацо фотографии од славниот пар и од нивниот син Арчи, а според неименуван извор, Хари и Меган најмногу се плашат дека помеѓу дроновите на медиумите може да има и дронови на терористички групи, кои можат да ја загрозат нивната безбедност.

Хари и Меган во Лос Анџелес / Фото: Дејли мејл

За да се заштитат од ваквата појава, Хари и Меган планираат да ангажираат дополнително обезбедување, а како знак на претпазливост неколкупати ваквите несакани случки ги пријавиле и во локалната полициска станица.

Меган, Хари и Арчи / Фото: EPA-EFE/TOBY MELVILLE / POOL

– Дроновите навистина ниско летаат, па ги вознемируваат сите тројца, а најмногу малиот Арчи. Хари и Меган не сакаат и не добиваат посебен третман од полицијата, но состојбата со постојаното снимање станува загрижувачка – коментирал пријател на славното семејство за локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот