Хари и Меган се откажаа од социјалните мрежи, а објаснија и зошто

Profimedia

Неколку месеци откако ја известија јавноста дека го бојкотираат Фејсбук, принцот Хари и Меган Маркл сега одучија во целост да се откажат од користењето на социјалните мрежи, а сето тоа поради преголемиот говор на омраза на овие платформи.

Маркл уште во октомври изјави дека подолго време не ги посетувала социјалните мрежи. Таа објасни дека се одалечила од овие платформи бидејќи на тој начин сакала да се заштити од се што се пласира за неа.

Instagram
Instagram

„Ме загрижуваат луѓето кои се опседнати со социјалните мрежи. Тие се огромен дел од човековото секојдневие, многумина се зависни од нив“, изјави Маркл, која во неколку наврати отворено зборуваше за сопствените негативни искуства поврзани со социјалните мрежи.

Парот ја покрена кампањата „Archewell“ и истакна дека мала е веројатноста дека оваа компанија ќе има профил на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот