Харадинај го одликуваше Вилијам Вокер

Фото: Фејсбук/Рамуш Харадинај

Премиерот во заминување на Косово, Рамуш Харадинај, вчера на поранешниот шеф на мисијата на ОЕБС во Косово Вилијам Вокер му го додели медалот „Скендербег“.

Харадинај на својот Фејсбук-профил објави дека Косово имало среќа бидејќи отсекогаш ја имало поддршката од Вокер.

Со пораката „секогаш благодарен“, Харадинај наведе дека го одликувал Вокер со медалот „Скендербег“ и дека „Косово имало среќа што на својот пат имало пријатели и сојузници како Вокер и американскиот народ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот