Фото: EPA/Alejandro Garcia

Хапоел Тел Авив ја совлада Барселона, Армани славеше над Макаби во Евролигата

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив денеска ја победија Барселона со 80:75 во натпреварот од 31 коло на Евролигата.

Најдобар стрелец на израелскиот клуб беше Даниел Отуру со 22 поени, додека Кевин Пантер беше прв стрелец во шпанската екипа со 17 поени.

Хапоел е на петтото место на табелата во Евролигата со 18 победи и 11 порази, додека Барселона е на 10 место (17-14).

Армани го победи Макаби Тел Авив со 96:87 во Милано. Џош Нибо постигна 19 поени и 10 скока за италијанскиот клуб, додека Лони Вокер се истакна за израелскиот претставник со 16 поени.

Армани е на 12 место на табелата со по 15 победи и порази, а Макаби е на 13 место (14-16).

Евролига, 31 коло

Петок, резултати:

Црвена звезда – Фенербахче 79:73
Барселона – Хапоел Тел Авив 75:80
Олимпија Милано – Макаби Тел Авив 96:87

Табела: Фенербахче 22-8, Олимпијакос 20-11, Реал Мадрид 20-11, Валенсија 20-11, Хапоел Тел Авив 18-11, Црвена звезда 18-13, Жалгирис Каунас 17-14, Монако 17-14, Панатинаикос 17-14, Барселона 17-14, Дубаи 16-14…

ВИДЕО | Црвена звезда по пресврт го урна актуелниот шампион Фенербахче во Евролигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот