Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Црвена звезда по пресврт го урна актуелниот шампион Фенербахче во Евролигата

Денеска во рамките од 31 коло во најсилното европско кошаркарско клупско натпреварување, екипата на Црвена звезда триумфираше на домашен терен против Фенербахче со резултат 79:73.

Иако после првото полувреме, турскиот клуб имаше предност од 42:33, српскиот тим успеа да направи целосен пресврт во второто полувреме добивајќи третата и последната четвртина со 28:14 и 18:17.

Најзаслужен за триумфот на белградските „црвено-бели“ беше нигерискиот интернационалец Монеке со 21 поен, следен од неговите сонародници Нвора со 14 поени и Изунду со 13.

На спротивната страна Болдвин запиша 16 поени, а се истакнаа уште двајца Американците, Колсон со 15 поени и Хортон-Такер со 14.

За Црвена звезда ова е 18 победа сезонава во Евролигата за моментно шесто место, позиција која води директно во четвртфиналето.

Актуелниот шампион Фенербахче по осмиот пораз, останува на првото место со учинок (22-8).

Во следното коло на 20 март Црвена звеза ќе гостува кај Панатинаикос, додека Фенербахче три дена порано исто така ќе игра во Грција против Олимпијакос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот