Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона
Пред натпреварот во среда против Алавес, и помалку од два дена откако фудбалерите на Барселона освоија нова титула во Ла Лига по победата во Ел Класико против најголемиот ривал Реал Мадрид, доаѓаат нови добри вести за навивачите на клубот, тренерот на екипата Ханси Флик ќе остане до 2028 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Германскиот стратег потврди на прес-конференција дека сè е договорено и дека ќе остане во клубот уште две години, што, како што рече, е соодветна должина на новиот договор за сите страни:
– Добро е за мојот тим, добро е што имаме доверба дека имаме уште две години пред нас. Се извинувам што имав други мисли на ум во изминатите неколку дена. Знам дека многу тренери се среќни кога добиваат три или четиригодишни договори, но мислам дека е добро за Барселона и за мене да имаме ограничување. Имаме договор до 2028 година, а потоа имаме опција за уште една сезона. Ќе видиме дали сè е во ред, имаме право на тоа, и клубот и јас. Исто така, мислам дека клубот ми покажа во изминатите неколку дена дека сум на вистинското место, дека имам поддршка и дека ги имам вистинските луѓе – рече Флик.
Следната голема цел на Флик ќе биде освојување на пехарот во Лигата на шампионите:
– Исто така, предизвик е да се работи понапорно во следните две години, подобро од оваа година, и сето тоа за да се оствари сонот на секого и да се освои Лигата на шампионите – вели Флик.
Откако дојде во Барселона, Германецот освои пет од можни шест домашни титули. Тој не го освои само Купот на кралот оваа сезона.
🚨💙❤️ Hansi Flick confirms: “I am very happy, I will SIGN NEW DEAL at Barça”. m
“We will continue until 2028 and if all goes well, we will make the decision to continue one more year”. pic.twitter.com/gvO5WNfNWW
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 12, 2026


