Тренерот на ФК Барселона, Ханси Флик/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Ханси Флик е пред продолжување на договорот со Барса

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ханси Флик, е блиску до продолжување на договорот со клубот, објави ESPN, повикувајќи се на извори.

Агентот на 61-годишниот Германец, Пини Захави, се сретна со претседателот на клубот, Жоан Лапорта, на 7 мај за да ги финализира деталите.

Важечкиот договор на Флик е со важност до 30 јуни 2027 година. Според извори на ESPN, тој се согласил на едногодишно продолжување со опција за продолжување за цела сезона.

Бидејќи Захави моментално е во Барселона, Флик би можел да ги финализира формалностите во наредните денови.

Германецот ја води Барса од јули 2024 година. Под негово водство, тимот победи на 86 од вкупно 113 натпревари, 10 нерешени и 17 порази. Барселона ја освои титулата во Ла Лига во сезоната 2024/2025, а блиску е да ја одбрани истата годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот