7 C
Скопје

Хамилтон: Се додека дишам, ќе се борам за промени

Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, повторно истакна дека ќе ја продолжи борбата за промени во спортот и во светот.

Возачот на Мерцедес минатата година активно учествуваше во движењето „Black lives matters“, јавно се залагаше за борба против расизмот и за еднаквост. Тој пред секоја трка клечеше, што е симбол на борбата против расизмот.
– Некои од нас за време на минатата сезона клечеа во знак на поддршка на еднаквоста и на тоа сум горд, но имам едно прашање: што е следно. Нееднаквоста постои во нашиот спорт но и во целиот свет и потребни се промени. Мора да инсистираме на тоа дека одговорноста е кај сите нас и да се бориме за еднаквост. Се додека дишам, ќе се борам за промени со се што правам. Ќе трасирам пат за децата од сите раси. Ајде да продолжиме да се бориме – порача Хамилтон.

Прочитајте и...  Романска лекција за македонските футсалци во Темишвар

Минатата сезона, Луис Хамилтон ја освои седмата шампионска титула во Ф1 со што се израмни со легендарниот Михаел Шумахер, а неодамна потпиша и нов договор со Мерцедес и е главен фаворит за титулата и во новата сезона која стартува идниот месец.

Поврзани вести

Димитриевски во врвна форма, прв стрелец против Адемар Леон

Слободен печат

ВИДЕО: Нападнат автобусот на Реал Мадрид на патот кон „Енфилд“!

Слободен печат

Адеми не е сериозно повреден, ќе игра против Виљареал

Слободен печат

Романска лекција за македонските футсалци во Темишвар

Слободен печат

Тандем од соништата, Агуеро ќе игра со Меси во Барселона!?

Слободен печат

Вардар 1961 успешен на патот до одбрана на шампионскиот трофеј

Слободен печат

Остави Коментар