Халанд го избра новиот тим, шок за Јунајтед

twitter/Football Talk

Ерлинг Халанд го шокира Манчестер јунајтед, одлучи кариерата да ја продолжи во Ред Бул Лајпциг. Тој смета дека преселбата во бундеслигашот е логичен потег во кариерата бидејќи смета дека му е премногу рано да се пресели во Манчестер јунајтед каде би имал мала минутажа.

Со ваквиот потег на напаѓачот кој ја залуде фудбалска Европа, Лајпциг на крајот од сезоната ќе го продаде Тимо Вернер за ја ослободи позицијата на прв напаѓач во тимот.

Ваквиот развој на настаните го става менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е приморан во зимскиот преоден рок да купува нов напаѓач. Досегашните желби отпаднаа, Муса Дембеле не игра како минатата сезона, додека Марио Манџукиќ најверојатно ќе се пресели во Кина, во Далијан.

Прва мета на Солскјер сега е фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, и челниците на Јунајтед веќе разговараа со колегите од Мадрид за трансфер на српскиот репрезентативец. Во Манчестер се распрашуваа дали Реал сака да го продаде Јовиќ кој минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ но не добива шанса, или евентуално да го позајми, а потоа да го купи на крајот на сезоната.

twitter/RMOnly

Размислувањата се дека Јовиќ би бил идеално решение за нападот на Јунајтед, бидејќи не доби шанса во Реал иако веше платен 60 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот