Хакери продаваат лични податоци од 30 милиони кредитни картички во САД

Фото: EPA-EFE/DAN PELED / илустрација

Ова е досега трето по големина хакување на податоци од кредитни картички.

Ланецот на продавници „Wawa“ во САД на 28 јануари објави дека имало обид за продажба на податоци. Според компанијата која идентификува сајбер-закани „Gemini Advisory Board“, информациите од кредитните картички се пронајдени на веб-локацијата „Joker’s Stash market“, каде имало податоци од 30 милиони кредитни картички, наведува „Digital Trends“.

Ова е досега трето по големина хакување на податоци од кредитни картички. Имено, кражбата на податоци од кредитни картички која се случи во 2013 година влијаела на 40 милиони луѓе, а пробивот на сигурносниот систем на фирмата „Home Depot“ во 2014 година изложил на опасност податоци од 50 милиони лица.

Податоците се продаваат по цена меѓу 17 и 210 долари по кредитна картичка, а цените се ниски поради фактот дека купците се свесни оти податоците од картичките се стари повеќе од еден месец, и досега истите можеби се променети од страна на злоупотребените лица.

Ланецот на продавници „Wawa“ и понатаму ги повикува луѓето кои се засегнати од кражбата на податоци да ги проверат изводите со своите кредитни картички и да пријават било каква лажна активност. Тие ги информираа своите купци за кражбата на податоци на почетокот на декември минатата година.

Хакувањето на податоци погодило повеќе од 850 продавници меѓу 4 март и 10 декември 2019 година, а загрозени се податоците на сите кои во „Wawa“ купувале со картички во тој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот