Хајредини: Стејт департментот ѝ ја затвори устата на амбасадорката Агелер

Фото: Макфакс / принтскрин

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, кој последните години во јавноста настапува како политички аналитичар, во интервју за „Макфакс“ се осврна на најавите дека актуелни македонски функционери би можеле да се најдат на американската „црна листа“ поради учество во корупција. Хајредини смета дека „од тоа нема никогаш да биде ништо, сè додека не се реши проблемот со уставните измени“.

Тој потсети на зборовите на американската амбасадорка Анџела Агелер, која во својата платформа се заложи прва задача да ѝ биде борбата со корупцијата во државата.

„Најави дека ќе дојде тим за санкции, во ДУИ ги фати паника. Но, што се случи и дали случајно тројца високи функционери на Стејт департментот еден по еден дојдоа за да ја релативизираат состојбата и да ѝ ја затворат устата на Агелер. Ѝ рекоа: Остави ја таа работа, кого го интересира корупцијата?“, вели Хајредини.

Тој вели дека „од странците не може да очекуваме да ни ги решат ајдуците“.

Хајредини оценува дека политичарите и функционерите, за да се спасат да не одат во затвор и да одговараат за корупција, го користат моментот за уставните измени.

„Странците да кажат каде на друго место има вакви регулативи како во Македонија“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот