Гвардиола за 50 милиони евра купува фудбалер од Милан!?

фото: твитер

Станува збор за 22-годишен алжирскиот интернационалец Бенасер кој на минатиот Африкански куп на нации беше прогласен за најдобар играч.

„Л`Екип“ пишува дека Пеп Гвардиола изненадувачки нуди 50 милиони евра за играчот за врска во Милан, Исмаел Бенасер.

Станува збор за 22-годишен алжирски интернационалец кој на минатиот Африкански куп на нации беше прогласен за најдобар играч.

После тој турнир за 16 милиони евра во јули 2019 година направи трансфер од редовите на Емполи во клубот од „Сан Сиро“.

Бенасер според „Трансфермаркт“ вреди 17,5 милиони евра, но Манчестер сити е подготвен да плати 50 милиони, колку што тежи неговата излезна клаузула.

Оваа сезона одигра 23 натпревари, имаше една асистенција, а неговиот талент прв го забележа Арсен Венгер кој во 2015 година за само 300.000 илјади евра го ангажираше од францускиот клуб Арле во втората екипа на Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот