Гвардиола со шопинг листа од 300 милиони фунти!

EPA-EFE/Shaun Botterill

Пеп Гвардиола доби од првите луѓе на Манчестер сити буџет од 300 милиони фунти со цел да го засили составот пред следната сезона.

„Граѓаните“ имаат желба повторно да ја освојат Премиер лигата, но затоа ќе мора значително да ја освежат екипата.

Како што е веќе објавено, на „Етихад“ од Валенсија за 21 милион фунти пристигна напаѓачот Феран Торес.

Феран Торес за 23 милиони евра во Манчестер сити

Покрај него, за 43 милиони евра дојде и Натан Аке од Борнмут како нова опција за да се подобри одбраната која беше проблематична поради повредите на Стонс и Лапорте.

Гвардиола има уште три желби, според „Атлетик“ подготвени се 100 милиони фунти за нов напаѓач, но не е познато името.

Сити планира да ангажира уште еден одбранбен играч, односно за 80 милиони фунти ќе се обидат да го обезбедат потписот на досегашниот фудбалер на Наполи, Калиду Кулибали.

Последниот на шопинг листата на шпанскиот менаџер е Жоао Феликс од Атлетико Мадрид чиј дрес пред една година го облече за 120 милиони евра, но не се снаоѓа најдобро во составот на Симеоне, па можно е да се пресели во Манчестер за 80 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот