Феран Торес за 23 милиони евра во Манчестер сити

фото: твитер

Вечерва „граѓаните“ го промовираа својот нов напаѓач кој на „Етихад“ доаѓа од редовите на Валенсија.

Феран Торес за 23 милиони евра го освежува нападот на Манчестер сити, младиот шпански репрезентативец потпиша договор на пет години.

Пресреќен сум што ќе бидам дел од клубот. Секој играч сонува да биде вклучен во напаѓачкиот фудбал каков што игра Манчестер сити. Го сакам стилот на Гвардиола и мојот сон беше да соработувам со него – рече Торес за чиј потпис интерес покажуваа уште Јувентус и Реал Мадрид.

Во дресот на Валенсија одигра вкупно 97 натпревари, реализираше девет голови и запиша 12 асистенции.

Лани беше најзаслужен со два гола за Шпанија во финалето против Португалија во освојувањето на титулата европски јуниорски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот