Гвардиола рамо до рамо со Алекс Фергусон – прва тројна „круна“ во Англија од 1999 година

фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Пеп Гвардиола конечно ја освои долгоочекуваната титула во Лигата на шампионите со Манчестер сити.

Полни шест години шпанскиот стратег се обидуваше да го донесе највредниот трофеј на „Етихад“.

Неговиот тим во финалето го совлада Интер со голот на Родриго за 1:0 (0:0), а Гвардиола на тој начин испиша нови страници во историјата.

Имено, Гвардиола стана само вториот тренер на англиски клуб кој успеал да ја освои „тројна круна“ – Премиер лига, ФА куп и Лига на шампиони.

Пред него тоа му успеа само на легендарниот Алекс Фергусон, далечната 1999 година со Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот