Гвардиола откри кога го напушта Сити и кој ќе биде следниот чекор во кариерата

Гвардиола подготвува одговор за Јунајтед кој го врати Кристијано Роналдо на „Олд трафорд“/ фото: EPA-EFE/Clive Brunskill

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола откри до кога ќе седи на клупата на англискиот шампион, тоа ќе биде до 2023 година по што ќе направи пауза од клупскиот фудбал и планира да се префрли во репрезентативниот фудбал.

Гвардиола ја започна шестата година на клупата на Манчестер сити, што е двојно повеќе отколку што остана во Баерн Минхен, додека во својата Барселона работеше од 2008 до 2012 година.

По 15 години во клупскиот фудбал, со исклучок на сезоната 2012/13 кога направи едногодишна пауза и одмораше во Њујорк, Пеп смета дека по истекот на договорот со Манчестер сити ќе биде вистинско време да ги напушти клупскиот и да се испроба во репрезентативниот фудбал.

– Да, следниот чекор ќе биде да предводам репрезентација. Сакам да бидам селектор, доколку ми се укаже можност. Морам да земам пауза по седум години во Манчестер сити, сакам да запрам малку и да учам од останатите тренери. Би сакал да предводам некоја репрезентација на Европско првенство, на Мундијал или на Копа Америка – откри Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот