Гвардиола му забранил на Меси да има секс по полноќ и со тоа му ја смени кариерата

Гвардиола му беше тренер на Меси во Барселона/ фото: EPA/TOBIAS HASE

Сите фудбалски фанови добро знаат дека Пеп Гвардиола е фудбалски генијален, неговите идеи често ги збунуваат и фудбалерите и навивачите, но тој не е трвдоглав само на теренот.
Познато е дека неговите играчи мора да внимаваат на секој детал на тренинзите или да во исхраната, но Гвардиола има посебни барања од фудбалерите и во нивниот љубовен живот.

Жртви на неговите методи и барања меѓу останатите биле и Лионел Меси и Роберт Левандовски, и поранешниот француски репрезентативец Самир Насри тврди дека Гвардиола не дозволува неговите играчи да имаат секс по полноќ.

– Постои правило кај Пеп Гвардиола дека неговите играчи мора да имаат секс пред полноќ. Сите активности во креветотмора да се завршат порано, за да можат потоа добро да се наспијат. Дури и кога немаат тренинг или натпревар наредниот ден – тврди Насри.

Токму тој момент, односно забраната за секс по полноќ му ја сменила кариерата на Лионел Меси.
– Пеп секогаш како пример го посочуваше Лео Меси. На него му забрани секс по полноќ и тоа се одрази на мускулите кои беа во подобра состојба поради добриот сон. Исто така Пеп тврди дека поради истата одлука го извлече најдоброто и од Роберт Левандовски – додава Насри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот