Петар Георгиевски – Камиказа / Фото: Фејсбук/Петар Георгиевски – Камиказа

Групата „Меморија“ на разговор во полиција, Перо Камиказа се прашува кој им го направи тоа

Групата „Меморија“ била викната во полиција на информативен разговор поради, како што вели музичарот Петар Георгиевски – Камиказа, „кодоши“. Целата драма музичарот ја раскажа на неговиот фејсбук-профил.

„Печат на втората плоча ‘Made in Macedonia’ и полициско иследување за изразен национализам?! До ден-денес остана да виси енигмата. Кој го тоа направи?“, раскажа басистот и лидер на групата.

Ова се случило кога групата го издала вториот албум, „Октомвриски дождови“, во 1990 година.

„По првиот албум и неколкуте свирки, во тогашно ‘Езерце’ во парк, на пријателски начин од ‘Меморија’ си заминаа: Дејан Кузмановски – клавијатури, кој замина за Хрватска, Ицо Јовковски – гитара, почна да работи како технички директор во телевизија Сител и времето не му дозволуваше да шета со групата понатаму.

Најчудно беше заминувањето на Антонио Димитриевски, кој ми беше девер. Употреби неколку думи кои до ден-денес ги памтам. Метафорично споредувајќи ја ‘Меморија’ со Југославија рече: ‘Готово е со ‘Меморија’, како со Југославија. Се распаднавме’. Низ шега му одговорив: ‘Во оваа Југославија (‘Меморија’), Тито е жив!’.

Уште малку се посмеавме, си посакавме успешни кариери понатаму во животот и во ‘Меморија’ тогаш останаа: Бане Поповиќ – гитара, Апостол Икономов – вокал и јас на бас“, напиша Перо Камиказа.

Тогаш во групата Валентино Скендеровски се вратил како клавијатурист, и на нивна радост половина од бендот „Морал“, Мичо Божиков на гитара и Сашо Ангелов на тапани, кои станале составен дел на бендот до последниот албум.

Оваа постава е токму поставата која повторно се собра во ист состав во 2017 година.

„Вториот албум имаше и замалку политички проблем бидејќи некој од МРТ продукција нѐ пријавил на милиција дека ставаме печат ‘Made in Macedonia’ на корицата од албумот, а Југославија беше пред распаѓање. За наша среќа сѐ се реши со краток информативен разговор кој заврши неуспешно за ‘кодошот’ кој нѐ пријавил! Инспекторот кој требаше да изготви белешка по пријавата беше прилично македонски настроен“, објави музичарот.

Тој додава дека за сите други детали и за концертите во „Хард рок“ ќе пишува дополнително, заедно со Гинисовиот рекорд со продадени 150.000 сингл-плочи во продукција на „Детска радост“, кои биле поделени преку „Наш свет“, „Развигор“ и „Другарче“.

„И за крај, албумот ‘Октомвриски дождови’ беше распродаден за неполни три месеци и не доживеа реиздание“, заврши Перо Камиказа.

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот со емотивна објава се прости од неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот