Перо Камиказа со мајка си/Фото: Принтскрин/Фејсбук

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот со емотивна објава се прости од неа

Музичарот и актер Петар Георгиевски – Камиказа утринава објави тажна вест, дека починала неговата мајка.

Музичарот во емотивна објава на својот профил на Фејсбук се збогуваше со својата мајка.

„Сабајлево во 6 и 15 престана да чука срцето на мајка ми. Мислам дека оваа слика е најсоодветна за нашата шест и пол децениска љубов. Од раѓaњeто до денес, беше мојата најголема поткрепа во сѐ… До последно чекаше да ми завршат сите поголеми овоземски обврски па да замине. Почивај во мир мој ангелу. Конечно со тато и дада ќе си кажувате разни догодовштини. Ги истажи и исплача и двајцата до последниот здив. Таму меѓу ангелите нека ти е светол патот мамичке. Во текот на денот ќе објавиме точно време кога ќе биде испратена во вечниот дом во Бутел“, напиша Перо.

Бројни пријатели и колеги му изразуваат сочувство на Перо, покрај неговата објава со мајка му.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот