Група мажи со нож нападнале минувачи во Ханау

Безбедносните сили со хеликоптери ги бараат осомничените.

Четири лица се здобија со повреди од нож откако група од 5 – 6 мажи ги нападнале во германскиот град Ханау по што побегнале.

Повредените, кои биле на возраст од 17 – 26 години, веднаш биле пренесени во болница, но не се наоѓаат во животна опасност, соопштуваат градските власти.

Безбедносните сили со хеликоптери ги бараат осомничените, а обвинителот на Ханау започна истрага.

Ханау е гратче во сојузната држава Хесен, каде во февруари 43-годишниот Тобиас Р. уби девет странски државјани, а потоа и својата мајка и себе си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот