Груби: Владата уште денеска ќе ги проследи до Собранието францускиот предлог и протоколот

Артан Груби/ Фото: Фејсбук

Вицепремиерот за политички систем Артан Груби најави дека уште денеска е можно владата да ги проследи до Собранието францускиот предлог, заедно со билатералниот протокол со Бугарија и другите придружни документи.

Груби потврди дека владата нема да одлучува за францускиот предлог, туку, како што објави „Слободен печат“, само ќе го проследи до Собранието. Собранието ќе одлучува за францускиот предлог и ќе ја задолжи владата за следните активности во одонос на целиот пакет.

Тој повтори дека во францускиот предлог не е содржан билатералниот протокол со Бугарија и дека преговарачката рамка не задира во македонскиот идентитет и јазичната, културната и историската посебност на Македонците.

Груби рече дека ниту Ковачевски ниту било кој друг министер од Владата не би поддржал и не би гласал за преговарачка рамка која би значела асимилација и бугаризација на Македонците.

Владата за денеска во 11 часот има закажано затворена седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот