ОЈО / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Грозоморни злоставувања на деца во Тиквешијата: Повеќепати силувале дете и го потплаќале, во друг случај пијан татко ја допирал ќерка си

Основното јавно обвинителство поведе истражна постапка за два грозоморни случаи за силување деца помали од 15 години во Тиквешијата. Во првиот случај, 14-годишно дете било сведок на сексуален чин и било принудено да го снима со телефон. Во другиот случај, татко од Кавадарци е осомничен за полови дејствија кон неговата 13-годишна ќерка.

Ја силувале, па ја уценувале – девојче од липковско морало да краде од родителите за да им плаќа на уценувачите

Во првиот случај, осомничени се двајца од Неготино, кои најпрво имале сексуални односи пред дете и го натерале да ги снима со телефон. Потоа, лани во јули, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал детето на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.

Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 8 години.

Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија кон неговата 13-годишна ќерка.

Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е предвидена казна затвор од најмалку три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот