Гроздановски: Немавме среќа со Украина, имаме квалитет да ја изненадиме Франција

томче гроздановски
Македонскиот У21 репрезентативец Томче Гроздановски донесе бод против Украина/Фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски” – Скопје ги продолжува подготовките и по нерешениот исход со Украина (1:1), фокусот комплетно го насочува кон мечот со Франција од шестото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023 година.

Стрелецот на единствениот погодок на Македонија на средбата со Украинците и еден од најдобрите поединци на тој меч, Томче Гроздановски е задоволен од играта против силната Украина, особено во второто полувреме.

– Атмосферата во тимот е на високо ниво, тука во репрезентацијата сите фукнционираме како еден тим, тоа се гледа и на самите натпревари. Што се однесува до дуелот со Украина, одигравме квалитетен натпревар, особено во второто полувреме против силен противник со извонредно технички потковани играчи. Натпреварот го започнавме во грч, бевме повлечени, трчавме многу, но не успеавме да наметнеме своја игра, ја препуштивме иницијативата на противникот. Но, во вториот дуел одигравме многу послободно, агресивно и отворено, а на крајот имавме можност и да ги освоиме трите бода, но немавме среќа.

Мислите комплетно ги насочивме кон дуелот со Франција, селекција која е топ фаворит во групата. Верувам во моите соиграчи и во оваа репрезентација, доколку одиграме онака како што од нас очекува селекторот, верувам дека можеме да ја изненадиме и Франција. Овој тим има квалитетни фудбалери и поседува голем потенцијал – рече Гроздановски.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски на 16 ноември во вторник на Националната арена „Тодор Проески” со почеток од 18.30 часот ja пречекуваат селекцијата на Франција во натпревар од петтото коло од квалификациите за пласман на ЕП.

Моментно во квалификациската група „Х“ води Франција со 13 бодови, три повеќе од Украина, Македонија и Фарски Острови имаат по шест, пет Србија, а три Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот