Грција од утре го укинува задолжителното носење маски на отворено

Фото: Драган Митрески

Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас, денеска соопшти дека од утре, во 5 часот наутро, се укинува мерката за задолжително носење маска на отворено. Препораката е маските, сепак, да се носат на места што, иако се на отворено, во нив  има турканици. Во затворен простор препораката за задолжително носење и натаму важи.

Од понеделник, 28 јуни, се укинува и полицискиот  час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат до 10 лица

-Јасан и подобрена е епидемиолошката слика во земјата, изјави членката на Комитетот за инфективни болести и владин советник, Вана Папаевангелу, додавајќи дека изгледите се добри.

Таа додаде дека се додека вирусот циркулира меѓу луѓето, нема простор за самозадоволство. Папаевангелу изјави дека колку подолго циркулира вирусот, толку се поголеми шансите за нови мутации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот