Грците се чудат, грчките производи се поевтини во Македонија и во Бугарија

Пазарење производи во маркети / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Постојат низа производи кои се произведуваат во фабрики на грчки компании, во или надвор од Грција (на пример, во Бугарија и Романија) кои ги наоѓаме на полиците во маркетите по цени од 30% до 35% поскапи отколку во Скопје и Бугарија, покажа истражувањето на грчкот новинар и публицист Христос Николаидис.

Според него разликите во цените се огромни и кај некои производи не може да се оправдаат со разликата во оданочување и ДДВ.

Ракчиња, чипс, безалкохолни пијалоци, средства за чистење, средства за лична хигиена, се само неколку категории каде што е голема разликата во малопродажните цени во соседните земји на Грција – Македонија и Бугарија.

На пример, кока кола зеро (дистрибуирана од истата компанија во Грција) се продава во Македонија за 0,80 евра, а во Бугарија за 0,90 евра и во Грција за 1,40 евра, вели Николаидис во денешниот поткаст емитуван на Радио Тесалоники.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот