Грчкиот Парламент го изгласа буџетот за 2024 година

Со 158 гласа „за“, сите од владејачката Нова демократија од вкупно 300 пратеници, грчкиот Парламент вечерва го изгласа буџетот за 2024 година со што и заврши петдневната расправа што започна во средата, јави дописничката на МИА од Атина.

Против гласаа пратениците од сите опозициски партии.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас соопшти дека петдневната расправа траеше 66 часа, шест повеќе од лани, се обратија вкупно 220 пратеници, како и 34 членови на Владата.

Буџетот меѓу другото предвидува мерки за поддршка на граѓаните, раст на економијата од 2,9 отсто, намалување на инфлацијата на 2,6 проценти и намалување на невработенста на 10,6 проценти.

На гласањето му претходеа говори на лидерите на партиите и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Изгласувањето на буџетот, традиционално, секоја година се смета како глас за доверба на актуелната Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот