Принтскрин

Грчки, косовски и македонски државјани ќе одговараат за убивање кучиња – имале ринг во двор и публика која се кладела кое куче ќе победи

Грчки, косовски и двајца македонски државјани се обвинети за убивање и мачење животни, откако Обвинителството собрало докази дека тие за пари организирале борби со кучиња „пит бул“ и „американски стафорд“ во селото Врнеец во близина на Стрежево.

– Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување. Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата „пит бул”, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок – соопшти Обвинителството.

Доказите упатувале на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.

Македонските државјани се во куќен притвор, додека странските се во бегство.

Полицијата уапси деветмина од Македонија и од Косово — организирале нелегални борби со кучиња во битолско Црнеец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот