Борба со кучиња - илустрација, Фото: Vyacheslav OSELEDKO / AFP / Profimedia

Полицијата уапси деветмина од Македонија и од Косово — организирале нелегални борби со кучиња во битолско Црнеец

Полицајците пронашле едно повредено куче во текот на акцијата во битолското село Црнеец.

Полицијата синоќа уапсила деветмина од Македонија и од Косово, кои организирале нелегални борби со кучиња во битолското село Црнеец.

Четворица се од Косово,  на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на возраст од 51, 41, 43 и 43 години, и еден 59-годишник од Штип.

Од секторот за односи со јавност при СВР Битола за МИА потврдија дека тие биле затекнати во дворното место на човек во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња.

„Во текот на акцијата, синоќа во 23 часот, полициските скужбеници пронајдоа едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава за „мачење животни,“  посочија од СВР Битола.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот