Грчеви и болка во градите се последици на скршено срце

Спроведени се до денес многу студии, кои докажале дека скршеното срце буди исти механизми во мозокот што се будат кај луѓето кои се зависни од нешто и имаат апстиненциска криза.

За многумина таквото искуство е траума, која може да остави и многу непријатни последици, па дури да влијае врз дисбаланс на хормоните и пораст на стресот. Да, скршеното срце не е само фраза, туку навистина се случува во животот.

Синдромот на скршено срце предизвикува слични симптоми како и кај инфарктот, а тоа се болка во градите, отежнато дишење, аритмија и ширење на болката во левата рака. Симптомите може да се појават многу брзо по стресната ситуација.

Како да знаете дали станува збор за инфаркт или за скршено срце?

Дијагнозата се поставува со исклучување на срцев удар, со коронарографија, односно радиолошка метода на приказ на крвните садови на срцето, која покажува уредни срцеви артерии со некои промени на стегање на срцевиот мускул и со многу благи знаци на оштетување на срцевиот мускул во лабораториски наоди, кои се целосно спротивни со големината на губење на мускулната функција. Освен тоа, тука е многу важен и податокот за претходен психички и емоционален стрес, појаснуваат кардиолозите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот